Дома Македонски спорт Ковид-19 во Етникос: Богатинов и Костовски позитивни!

Ковид-19 во Етникос: Богатинов и Костовски позитивни!

Во екипата на Етникос Ахна се појави коронавирус и помеѓу позитивните фудбалери Мартин Богатинов и Јован Костовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Богатинов и Костовски биле позитивни на Ковид-19 заедно со уште 14 лица. Во овој клуб настапува и Бојан Маркоски, уште еден наш фудбалер, неговиот тест бил негативен.

Костовски и Богатинов се чувствуваат добро и засега не покажале симптоми. Нормално, според правилата се ставен во изолација.

Вчера Етникос објави дека заразени се тројца нивни фудбалери, а на новите тестирања се регистрирани дури 14 лица.

Ќе потсетиме, вчера Џенова објави дека има исто така 14 позитивни лица во тимот. За среќа како што Горан Пандев потврди за нашиот сајт тој не е помеѓу заразените. Денес се чекаат информации за ситуацијата во Наполи бидејќи овој тим за викендот играше против Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Вториот дел од натпреварувањето на Мундијалот започна со натпреварот што синоќа го одиграа…