Реномираниот „Билд“ пред неколку дена објави дека Мурињо е сериозен кандидат за клупата на Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб не игра добро во Бундеслигата оваа сезона и наводно управата на клубот размислува за тоа да му врачи отказ на Фавре и на неговото место да го доведе Мурињо кој е без работа година дена. На пресот, Ковач доби прашање дали Мурињо е вистинско решение за Дормтунд, а тој жестоко одговори дека не сака да го критикува својот колега.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нема да го критикувам колегата, напротив, ќе му дадам поддршка, бидејќи овде станува збор за респект. Сите сакаат почит, но тоа мора да оди во две насоки. Не можете сите да се критикувате кога ќе загубите, бидејќи и тоа е дел од фудбалот“, изјави Ковач.