Рускиот бизнисмен Роман Абрамович е пред заминување од Челзи, рускиот тајкун го стави клубот на продажба за „сините“ да не со соочат со проблеми поради ситуацијата во Украина.
Абрамович е познат како човек кој е во добри односи со Владимир Путин, па затоа не сака ништо да ризикува. Одлуката да го продаде Челзи ја коментираше и играчот од средниот ред Матео Ковачиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоа беше голема вест. Не знам што да кажам. Во негово време дојдов во клубот и сум благодарен. Челзи освои многу трофеи од кога тој стана сопственик, клубот е голем благодарение на него“, порача Ковачиќ за клупската телевизија.
Хрватот зборуваше и за целите во сезоната.
„Одиме натпревар по натпревар. Сега сме во четвртфиналето од ФА Купот и на добра позиција сме. Минатата сезона беше тешка, но на крајот ја освоивме Лигатан а шампионите, беше неверојатно. Имаме еден одличен спој на младост и искуство. Овој тим може да остане заедно уште долго време и да освојува трофеи“, изјави хрватскиот играч за врска.