Англиските медиуми пренесуваат дека Матео Ковачиќ на лето може да го напушти Челзи, но да остане во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра.
Челзи го купи Енцо Фернандез во јануари, па јасно е дека минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па и тој е спремен да ја промени средината.
Најсилен интерес за Хрватот покажува Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на неговите квалитети.
„Граѓаните“ сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент и веќе работат на трансферот.