Репрезентативецот на Хрватска, Матео Ковачиќ како резерва влезе во натпреварот против Аргентина, но покажа дека и тоа како може да биде корисен играч.
Сепак, Ковачиќ ниту во репрезентацијата, ниту во Реал Мадрид не добива шанса од првата минута, па според неговата изјава ќе го напушти Мадрид ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ковачиќ е фрустиран поради неиграњето. Константно се бори со место со Лука Модриќ и Тони Крос, но од заминување од Интер во 2015 стартуваше на само 55 натпревари.
„Би сакал да играм повеќе во Реал Мадрид, го сакам фудбалот и сакам да бидам на тренот. Знам дека е тешко да се биде стартер во Реал Мадрид, посебно поради тоа што пристигнав тука многу млад. Ја разбирам ситуацијата, но поради тоа верувам дека најдобро за мене би било да заминам во некој друг клуб каде што би имал прилика редовно да играм од првата минута. Тоа е она што го сакам во овој момент“, изјави Ковачиќ за „Марка“.