Дома Фудбал Италија Кобното утро: Во собата 118 дојдов во пижами и само слушнав „Тренеру, Давиде замина…“

Кобното утро: Во собата 118 дојдов во пижами и само слушнав „Тренеру, Давиде замина…“

Капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина од срцев удар на 4. март оваа година. Ноќта во пресрет на мечот против Удинезе, срцето му престанало.

Тој беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине во утринските часови. Фиренца и натаму тагува за својот омилен капитен, а тренерот на „виолетовите“, Стефано Пиоли во разговор за еден локален медиум се присети на трагичната недела во која фудбалскиот свет остана без фантастичен играч и уште подобар човек.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Имам свои навики, секогаш станувам рано и појадувам во 7:30. Така беше и овојпат. Се подготвував за натпреварот, размислував како да го мотивирам мојот тим што повеќе. Во тој момент ми се јави ќерката Карлота и разговаравме, а потоа ми се јави докторот Лука Пенгу и нашиот менаџер Алберто Марангон да дојдам доле во хотелот што побрзо“, се присети Пиоли и продолжи:

„Дојдов во собата 118 во пижами, нашиот голман Марко Спортиело веќе беше тука. Ми кажа: Тренеру Давиде замина…“

Токму Спортиело беше последниот кој го виде Давиде жив. Тие двајца играле плејстејшн речиси до полноќ во собата на Спортиело, а потоа Давиде отишол да спие. Таа вечер ги заборавил своите копачки, па му испратил порака на Марко наутро дека ќе дојде по нив во пресрет на мечот кој требаше да се одигра во 12:30.

„Кога ја отворив вратата од хотелската соба, ги видов Пенгуе и Марангон како плачат, Астори лежеше на креветот. Се чинеше како да спие… Најтешко беше да одам и на останатите играчи да им кажам што се случи. Не би го посакал тоа никому“, одвај разговараше Пиоли во текот на разговорот бидејќи сеќавањата очигледно се уште болни, па продолжи:

„Се уплашив за своите играчи. На тренингот по погребот на Давиде ни беше најтешко. Можеби нашите млади играчи потполно не разбираат што се случи. По заминувањето на Давиде, се се’ промени. Да се работи и тренира без него е празно, се чувствуваме сите така. И натаму патам без него. Имавме фантастична симбиоза, ми недостасува неговиот глас на теренот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…