Дома Фудбал Клубот не може да го одигра натпреварот бидејќи играчите имаат завршен испит на школо

Клубот не може да го одигра натпреварот бидејќи играчите имаат завршен испит на школо

Романскиот нисколигаш Фореста објави дека нема да го игра натпреварот од последното коло оваа сезона поради неочекувани проблеми.

Имено, челните луѓе на овој клуб кој се натпреварува во романската втора лига беа приморани да соопштат на своите противници да не доаѓаат на натпреварот во рамките на последното коло.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фореста се најде во неочекувани проблеми бидејќи немаше доволен број играчи за натпреварот. Клубот го сочинуваат повеќе момци кои и натаму учат во средно училиште и кои поради завршните испити морале да го пропуштат последниот натпревар од оваа сезона.

Тие на ден пред натпреварот го известиле клубот дека школото едноставно не им дозволило да ги пропуштат завршните испити и на крајот одлучиле дека за нив е најдобро да го пропуштат натпреварот, а не испитот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…