Дома Фудбал Останато Клубот кој го направи Ето најплатен фудбалер во свет денес – пропаѓа!

Клубот кој го направи Ето најплатен фудбалер во свет денес – пропаѓа!

eto

На многумина прво на памет што ќе им падне кога ќе се спомене е милионскиот договор кој овој клуб му го обезбеди на Самуел Ето во 2011 година.

Денес рускиот клуб е светлосни години далеку од таа 2011 година кога Ето со договор од 20.5 милиони евра по сезона го направи најплатен фудбалер во светот, само за споредба втор беше Кристиано Роналдо со 12.5 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ето во Анжи се задржа две сезони, па направи трансфер во Челзи.

Како што споменавме денешната ситуација во Анжи е далеку, далеку од онаа пред седум години.

Имено, утрово Уфа го дочека Анжи, се работи за тимовите до 21 година и победија со 1:0.

Не ви било ова некоја вест ако се знае дека поради финансиските проблеми фудбалерите на Анжи мораа да патуваат 36 часа со автобус, клубот не можеше да им обезбеди авионски превоз.

Претходно Анжи веќе одложи еден натпревар против Урал, а овој пат успеаа некако да најдат средства и да отпатуваат со автобус.

Како што пренесуваат руските медиуми, немале многу време имале неколку кратки застанувања и едно подолго, па 2200 километри поминале за 36 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…