Дома Трансфер зона Клубови, чувајте ги своите ѕвезди: Перез си обезбеди скоро 400 милони евра за засилувања!

Клубови, чувајте ги своите ѕвезди: Перез си обезбеди скоро 400 милони евра за засилувања!

perez

Реал Мадрид ова лето не доведе ниту една супер ѕвезда иако се очекуваше такво нешто после заминувањето на Кристиано Роналдо во Јувентус.

Поради таквата ситуација мадритските медиуми најавуваат големо настапување на сцената на трансфер пазарот на „кралевите“ и тоа веќе во наредните два преодни рока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реномираниот „Ас“ објави дека Реал на располагање ќе има 372 милиони евра за доведување на нови фудбалери. Износот од 190 милиони евра веќе е во клупската благајна, а дополнителните 182 актуелниот европски шампион ќе ги обезбеди од една шпанска банка со ниска камата.

Реал ова лето се поврзуваше со Нејмар, Мбапе, Кејн, Левандовски...Но никој од нив не пристигна во Мадрид, па затоа се очекува да се активираат уште во јануари.

Сумата шпанскиот гигант ќе ја има на располагање уште во следниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …