Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: 54 години чекав да играм на Сан Сиро, а сега втор пат за три месеци

Клоп: 54 години чекав да играм на Сан Сиро, а сега втор пат за три месеци

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше ждрепката во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул во осминафиналето силите ќе го одмери со милански Интер, а Клоп се радува што повторно ќе го посети „Сан Сиро“, каде играше против Милан во групната фаза.

„Требаше да чекам 54 години за да играм на Сан Сиро, а сега по втор пат за три месеци. Се разбира дека ждребот е тежок, бидејќи тие се лидери во Италија. Интер е добар тим и се наоѓа во добар момент. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до февруари“, изјави Клоп.

„Нашата цел е да стигнеме што подалеку во ЛШ и тоа е патот. Добро ги познаваме Џеко и Санчез, со нетрпение ги очекуваме натпреварите“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…