Дома Фудбал Англија Клоп ќе биде казнет за „лудата“ прослава против Евертон

Клоп ќе биде казнет за „лудата“ прослава против Евертон

klop

Ги купи навивачите повторно, но веројатно ќе мора да плати.

Јирген Клоп е под истрага за однесувањето во натпреварот после победничкиот гол на Дивок Ориги против Евертон. Германецот втрча во терено и жестоко ја прослави победа, а ФА би можела да го казни поради тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат англиските медиуми, Клоп најверојатно ќе го прифати обвинението што ќе резултира со финансиска казна и предупредување за во иднина.

Клоп не можеше да се воздржи и истрча до голманот Алисон Бекер. Потоа се извини и порача дека му е јасно дека не се однесувал така како што се очекувало од него.

Сега има време до 6-ти декември да се изјасни дали ќе испраќа жалба и ако ја прифати вината како што се и очекува не би требало да добие забрана за водење на тимот.

https://www.facebook.com/SoccerAM/videos/272248056768829/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…