Дома Трансфер зона Клоп ја „краде“ големата желба на Милан и Јувентус

Клоп ја „краде“ големата желба на Милан и Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и ова лето сигурно ќе направи трансфер.

За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.

Клоп смета дека Аргентинецот ќе биде идеална замена за Вајналдум, кој ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола, а Удинезе за слободата на Аргентинецот бара 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…