Од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, „црвените“ играат фантастично и имаат тим кој ќе атакува на сите трофеи.
Актуелниот европски шампион е на добар пат да ја освои конечно и титулата во Премиер лигата, но Клоп сака додатно да го засили својот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Триото Мане – Фирмињо – Салах функционира одлично, но Клоп сака уште еден играч од светска класа за да може да прави ротација, а најголема желба е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Санчо блесна во дресот на „милионерите“, но во последно време влезе во конфликт со раководството и е спремен да се врати во Премиер лигата, а медиумите тврдат дека Ливерпул е фаворит за неговиот потпис.
Борусија Дортмунд за слободата на Санчо бара околу 100 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати уште во јануари.
From a very good source in Germany:
— Jan Aage Fjortoft ?️? ?? (@JanAageFjortoft) December 2, 2019
Klopp and Liverpool favorite to get Dortmund-player Sancho.
Sancho wants to leave the club already in January