Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп со провокација до Гвардиола: Не е важен перфекционизмот, туку резултатите…

Клоп со провокација до Гвардиола: Не е важен перфекционизмот, туку резултатите…

Германецот зборуваше за слабата игра на својот тим во првиот дел против Манчестер, како и за тоа колку бил изненаден од пласманот на италијанскиот клуб во полуфиналето.

Јирген Клоп истакна по победата на Сити и пласманот во полуфиналето, дека неговата екипа во првиот дел минала добро со само еден примен погодок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Беше прилично тешко вечерва, особено со оглед на тоа како стартуваше мечот. Како на тацна им подаривме погодок. Очекував тие да тргнат агресивно, но ми се допадна како реагиравме потоа. Сити максимално ризикуваше, а нам ни беше потребна и малку среќа. А на полувремето немав бап премногу причини да бидам среќен“, истакна Клоп по мечот.

Сити беше значително подобар во првото полувреме?

Пеп можеше и да погоди со така ризична постава, иако сега јас зборувам после се. Можеа да дадат уште два или три погодоци во првото полувреме. Сепак, беше јасно дека ако им ја земеме топката ќе можеме да дојдеме до шанса за погодок“.

Клоп јасно стави до знаење, што му беше важно во текот на овој реванш.

„Не е работата во перфекцијата, туку во резултатот, карактерот, менталитетот и борбата. Добро се браневме. Не беше ова наш најдобар меч, но на крајот заслужено славевме. Од ваквите натпревари морате да учите. Не е проблем што брзо примаш погодок, туку што постојано кукавме и баравме слободни удари. Така не се игра“.

Германскиот стратег, ја прокоментира и сензационалната победа на Рома над Барселона.

„Некој ми кажа за тоа во ходникот, мислев дека се шегува. Не затоа што не ја почитувам Рома, тие се фантастичен тим. Само, не го очекував тоа, но знаев дека е возможно. Останаа без Салах, а влегоа во полуфиналето. Тоа е голема работа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …