Оваа изјава на Клоп нема да им се допадне на навивачите на Ливерпул.
Јирген Клоп нема дилеми кога во прашање е фаворитот во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека поголемиот дел би се сложиле, иако тоа не сакаат да го кажат јавно. Оваа сезона, ниту Реал, ниту Барса, ниту Ливерпу и Сити не се фаворити во Лигата на шампионите“.
„Сите знаеме дека тоа е Јувентус. Не го зборувам тоа само поради тоа што го купија Роналдо. Тие се најсилниот тим во Европа во овој момент, немаат слаба точка. Она што сакам да го кажам е тоа дека секој кој сака да биде шампион на Европа мора да го победи Јувентус“, заклучи Клоп.
Во осминафиналето од најелитното европско натпреварување Јувентус за противник го доби тимот на Атлетико Мадрид, додека Ливерпул ќе игра против Баерн Минхен.