Дома Фудбал Клоп се огласи за преговорите за нов договор со Салах

Клоп се огласи за преговорите за нов договор со Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека постои напредок во преговорите со Мохамед Салах околу продолжувањето на соработката.

Египетскиот фудбалер со клубот од „Енфилд“ е врзан до јуни 2023 година. Вчера во јавноста се појави неговата изјава во која порача дека не бара луди рабои во преговорите.

„Сакам да останам, не одлучувам јас. Се е во рацете на клубот. Не барам луди работи“, гласеше изјавата на Салах.

Денес на прес-конференцијата за медиумите на оваа тема зборуваше и Клоп.

„Денес е опасно да давате интервјуа. Ние знаеме, јас знам, што Мо сака. И сакам да остане. Но за некои работи потребно е време, тоа не можеме да го промениме. Засега работите се како што треба. Во преговорите има многу теми. Постои и трета страна, тоа е агентот. Но не треба да се грижиме, таквите работи се нормално. Размислувам позитивно“, изјави Клоп.

Наредниот натпревар Ливерпул го игра во полуфиналето од Лига Купот. Салах нема да му биде на располагање на Клоп затоа што е со Египет на Африканскиот Куп на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…