Дома Топ вести Клоп сака двајца „кралеви“ во својот тим

Клоп сака двајца „кралеви“ во својот тим

klop

Ливерпул во зимскиот преоден рок остана без својот најдобар фудбалер Филипе Кутињо, а на „Енфилд“ пристиган само Вирџил ван Дијк и тоа за 75 милиони фунти.

На лето на „Енфилд“ пристигнува Наби Кеита чии трансфер е веќе договорен, но нема сомнеж дека тоа ќе биде само едно од низата засилувања за „црвените“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Јирген Клоп веќе почнал да размислува за следната сезона, а на врвот на листата желби се двајца фудбалери од Реал Мадрид.

Станува збор за дефанзивецот Начо и крилниот фудбалер Лукас Васкез, кој оваа сезона добива многу мала минутажа.

Начо може да игра на сите позиции во дефанзивата, па нема сомнеж дека би бил големо засилување за „црвените“, но прашање е дали „кралевите“ ќе сакаат да се откажат од него.

Што се однесува до Васкез, неговиот трансфер е пореален бидејќи добива многу мала минутажа, а Реал нема да смета на него за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…