Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази незадоволство од судиските одлуки за време на синоќешниот дуел со Лестер (1:1).
Главниот судија Мартин Еткинсон донесе две спорни одлуки, особено откако не досуди пенал во второто полувреме откако Рикардо Переира го фаулираше Кеита во казнетиот простор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Лестер имаше свои шанси, па резултатот 1:1 е праведен. Но и покрај тоа сметам дека требаше да добиеме пенал. Не знам зошто судијата не досуди пенал, имаше ситуација во која двајца напаѓачи ќе излезеа само против Шмајхел“.
„Меѓутоа повторувам дека Лестер имаше шанси, па треба го да прифатиме резултатот“, истакна Клоп.