Тренерот на екипата на Ливерпул Јирген Клоп пред финалето во Лигата на шампионите потенцираше дека неговите фудбалери се храбри.
Финалето во Лигата на шампионите се игра во сабота во Киев а во него учествуваат Ливерпул и Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ни сме навистина добар фудбалски тим и полни сме со желба. Работиме на тоа остварувањето на соништата. Се надеваме дека тоа и ќе го покажеме. Не беше лесно да се биде храбар против Манчестер Сити, не беше ниту против Рома. Но овие момци покажаа дека се храбри“.
„Пласманот во финалето е нешто во што заедно уживавме. Домшната публика е навистина добра, а европските вечери се навистина посебно. Ако барате европски вечери, тогаш одговорот мора да биде „Енфилд“. Доколку не сме психолошки силни не би биле тука каде што сме. Се соочивме со толку тешки ситуации, но се успеавме да надминеме заедно како група“, изјави Клоп.