Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека со помош на публиката на „Енфилд“ ќе може да го победи англискиот шампион Манчестер Сити во неделното дерби.
Клоп пред дуелот истакна дека Сити во моментов е најдобриот тим во светот и го има најдобриот напаѓач во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се разбира дека победата над Ренџерс ја промени атмосферата, но се уште треба да видиме каков ќе биде тимот против Сити. Ќе се обидеме да се претставиме добро со помош на публиката на Енфилд против најдобриот тим на светот“, истакна Клоп.
„Веројатно Халанд е најдобриот напаѓач на светот, па треба да бидеме сигурни дека нема да стигнат многу топки до него. Ќе се обидеме да го направиме тоа, но ако се фокусираме премногу на него тоа ќе отвори простор за другите играчи. Знаеме дека нема да биде лесно, но сакаме да победиме“, додаде Германецот.