Дома Фудбал Англија Клоп: Поразот во средата е најдобра подготовка за утрешниот меч!

Клоп: Поразот во средата е најдобра подготовка за утрешниот меч!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека поразот од Челзи во Лига купот бил најдобра подготовка за утрешното дерби против „сините“ во Премиер лигата.

Ливерпул како лидер на табелата пристигнува на „Стенфорд Бриџ“, но ќе игра против директен конкурент бидејќи „сините“ покажаа дека оваа сезона можат да се борат за титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ова ќе биде тежок меч и за двата тима. Најдобра подготовка за утрешниот меч беше поразот во средата. Мислам дека играчите зедоа поука. Ние сакаме да ги освоиме сите турнири во кои учествуваме, па затоа не гледам ништо позитивно што отпаднавме од Купот“, истакна Клоп.

Германецот изјави дека се уште не знае дали лидерот на одбраната, Вирџил ван Дијк ќе биде спремен да утрешното дерби.

„Вирџил е играч од светска класа. Кога не можеш да имаш во тимот таков фудбалер не е пријатно. Ловрен играше за прв пат после 10 недели, но ако Виџил не е спремен ќе игра тој. Во овој момент не знам дали ќе биде спремен за мечот“, додаде Клоп.

https://www.youtube.com/watch?v=GsgkHlJnpnU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…