Дома Трансфер зона Клоп повторно купува дефанзивец од Шалке

Клоп повторно купува дефанзивец од Шалке

Турскиот репрезентативец Озан Кабак е една од примарните трансфер цели на Ливерпул ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Ливерпул се раздели со Ловрен и е во потрага на нов дефанзивец, а прв избор на Клоп е играчот на Шалке, Озан Кабак.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред две години Клоп од Шалке го донесе Жоел Матип, а сега повторно сака да ја засили одбраната со играч на овој клуб.

Кабак има само 20 години и минатото лето беше на чекор од трансфер во Милан, а после добрата сезона неговата цена порасна.

Токму тоа може да биде и проблем, бидејќи Шалке за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…