Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Пласманот во 1/4 финалето не е изненадување ние тука припаѓаме

Клоп: Пласманот во 1/4 финалето не е изненадување ние тука припаѓаме

Фудбалерите на Ливерпул се изборија за пласман во ¼ финалето во Лигата на шампионите откако со вкупен резултат 5:0 го елиминираа Порто.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Задоволство поради остварениот успех не го криеше ниту менаџерот на англискиот клуб Јирген Клоп, посебно поради фактот што Ливерпул последен пат во ¼ финалето од Лигата на шампионите играше пред девет години.

„Нашиот пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите не би требало да биде големо изненадување. Ние тука припаѓаме. Немаме посебни желби. Ќе играме со оној кој ќе го добиеме. Следната фаза ќе биде тешка, сепак мислам дека имаме добри шанси за полуфинале, но одиме чекор по чекор“, изјави Клоп.

По пласманот во ¼ финалето „црвените“ на 10 март на „Олд Трафорд“ ги очекува големото дерби против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …