Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри кој според него е фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.
Германецот смета дека Јувентус е главен фаворит во најелитното натпреварување поради силниот тим, но и искуството на тренерот Алегри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Јувентус е фаворит за освојување на титулата во ЛШ. Тие се многу искусни. Оваа година ќе биде многу тешко за сите клубови кои ќе играат против нив. Јас лично сакав да ја избегнам и Борусија Дортмунд во осминафиналето“, изјави Клоп, кој за противник го доби Баерн Минхен.
„Баерн Минхен е огромен клуб и за нас ќе биде сериозен предизвик. Двата тима се познаваат добро и сигурно не очекуваат два возбудливи меча“, заклучи Германецот.
Jurgen Klopp heureux d’éviter le Borussia et la Juventus… #jurgen-klopp https://t.co/ZPV8VwIOnx @Senego
— Senego.com (@senego) December 18, 2018