Дома Фудбал Англија Клоп од денеска е најуспешниот тренер против Гвардиола

Клоп од денеска е најуспешниот тренер против Гвардиола

Германскиот тренер, Јирген Клоп може да се пофали дека е најуспешниот тренер против Пеп Гвардиола.

Неговиот Ливерпул денеска го порази Манчестер Сити со 4:3 во рамките на 23. коло од Премиер лигата, а тоа беше вкупно пета победа за Клоп против Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нормално, двајцата се добро познаваат уште од времето кога Клоп го водеше Дортмунд, а Пеп Баерн, а и тогаш Клоп знаеше да го загорчи животот на својот ривал.

Клоп со Дортмунд три пати го победи Гвардиола и тоа со 4:2 во Суперкупот на Германија сезона 2013/14, 3:0 во истата сезона во Бундеслигата и 2:0 во Суперкупот во 2014 година.

После тоа, пред оваа победа, триумф оствари и минатата сезона со 1:0 против Сити со Ливерпул. Инаку, после Клоп, тренери со најмногу победи против Гвардиола се Мурињо со 4, Арсен Венгер со 3 и Луис Енрике со 2 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…