Дома Фудбал Клоп: Не сме глупави да мислиме дека сме фаворити во ЛШ

Клоп: Не сме глупави да мислиме дека сме фаворити во ЛШ

Ливерпул синоќа со втора победа над Лајпциг се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Тренерот Јирген Клоп не крие дека целта на тимот е да ја освои титулата во Лига на шампиони, но смета дека неговиот тим не е фаворит.

На прашање дали сака да ја освои 7-та титула во ЛШ, тој истакна дека тоа е единствена причина да се учествува на турнирот.

„Единствена причина да учествуваш на овој турнир е да го освоиш. Меѓутоа, не сме толку глупави да мислиме дека сме фаворити. Треба да го почекаме ждребот, но кој да го добиеме ќе биде тежок противник. Сепак ние треба да мислиме на Премиер лигата, потребни ни се натпревари за да се вратиме во форма“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи гледа кон Гави: Барселона би го пуштила за 40 милиони евра?

Гави добива малку простор кај Ханси Флик, а Наполи ја следи можноста за јануарски трансфер…