Дома Фудбал Клоп: Не видов офсајд кога Пикфорд го фаулираше Ван Дајк

Клоп: Не видов офсајд кога Пикфорд го фаулираше Ван Дајк

Jирген Клоп е разочаран што неговата екипа денес не ги освои трите бода во дербито против Евертон.

Ливерпул беше подобар противник од Евертон и на два пати имаше предност меѓутоа на крајот средбата заврши со поделба на бодовите. Во самиот финиш Џордан Хендерсон ја погоди мрежата за водство на „црвените“ од 3:2, но тој гол по реакција на ВАР беше поништен.

„Задоволен сум од тоа како одигра мојот тим. Доминиравме во натпреварот, се случија некои различни работи. Јас не видов офсајд кога Пикфорд го фаулираше Ван Дајк“.

Проговори и за поништенот гол на Хендерсон.

„Јас не знам каде е линијата на која може да се види офсајд. Требаше да победиме, момците одиграа супер натпревар“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвена боја на лицата во Серија А – порака што оди подалеку од фудбалот

Фудбалерите, тренерите и службените лица во 12. коло ќе испратат порака против насилството…