Дома Топ вести Клоп нема да жали пари за „новиот Погба“

Клоп нема да жали пари за „новиот Погба“

Клубовите од Премиер лигата покажуваат силен интерес за младата ѕвезда на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре оваа сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Арсенал, Реал Мадрид и Валенсија исто така го следат фудбалерот, но Јунајтед, Ливерпул и Челзи се најконкретни и веќе работат на трансферот.

Јирген Клоп сака по секоја цена да го донесе 21-годишниот играч за врска на „Ефилд“ бидејќи во него гледа идеална замена за Кеита, кој е на излезна врата.

Француските медиуми тврдат дека Лил е спремен да го продаде и да ги слушне понудите на заинтересираните клубови, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува 35 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…