Дома Фудбал Англија Клоп: Немам проблем со Баерн, само сакам да го победам

Клоп: Немам проблем со Баерн, само сакам да го победам

Навивачите на Ливерпул веќе цели 29 години ја чекаат титулата во Премиер лигата и сигурно доколку можат да бираат ќе ја изберат неа пред титулата во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, тренерот Јирген Клоп вели дека е добро што пред првиот осминафинален меч против Баерн не мора да донесе одлука за овој проблем.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Јасно е дека за сите навивачи на Ливерпул приоритет е Премиер лигата оваа година. Но, утре играме во Лигата на шампиони и очекувам да одиграме најдобар можем меч. Му благодарам на Бог што денес не морам да одлучувам – Премиер лига или Лига на шампиони, а за утре ќе видиме“, изјави Клоп.

Противник на Ливерпул во осминафиналето е актуелниот германски шампион, Баерн Минхен.

„Немам проблеми со Баерн. Никогаш ништо негативно не сум чувствувал за тој клуб. Нормално, сакам Борусија оваа година да биде шампион на Германија и тоа е се“, додаде Германецот.

Клоп на денешната пресконференција потврди дека два пати во минатото преговарал со Баварците, но дека е заљубен во Ливерпул иако се уште не освоил ништо со „црвените“.

„Најдоброто што го направивме до сега е што станавме конкурентни со најдобрите европски клубови. Но, тоа не е доволно. Не е важно само да се учествува во Лигата на шампиони, мораме да покажеме на терен дека можеме да го победиме Баерн. За сега нашата приказна во Лигата на шампиони е убава, но никако и завршена“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…