Жоржињо Вајналдум на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул, а медиумите на Островот тврдат дека Клоп веќе пронашол замена за Холанѓанецот.
Станува збор за Ренато Санчез, поранешниот играч на Баерн Минхен, кој моментално блеска во дресот на Лил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот пред три сезони имаше исклучителна слаба сезона во Свонси, но ја „оживеа“ својата кариера во Лил.
Санчез сака да се докаже во Премиер лигата, а Лил за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Ливерпул наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ја плати бараната сума.