Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше непристојното однесување на стратегот на Челси, Франк Лампард, по нивната караница во дербито на „Енфилд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул славеше на домашен терен со 5-3, а тој пораз го налути тренерот на „сините“ кој уште на мечот имаше што да му замери на повозрасниот колега, а и по дуелот удри по Германецот.
На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои можеше да се забележи како Лампард во текот на мечот почна да вика кон Клоп, а на крајот искористи и пцовки.
Клоп не можеше повеќе да молчи и му одржа животна лекција на младиот тренер на „сините“.
„Не сме арогантни како што тој смета. Го почитувам тоа што Лампард е борбен, што има натпреварувачки дух, но за мене мечот е готов штом судијата свири крај. Тоа е нешто што тој мора да го научи. Не се држеше до тоа, но млад е, има многу време и има многу да уќи“, повтори Германецот.