Фудбалската асоцијација на Англија поднесе обвинение против тренерот Јирген Клоп поради неговите коментари кон судијата Пол Тирни.
Клоп ги осуди постапките на Тирни по драматичниот натпревар против Тотенхем во 34-тото коло кој неговиот тим го доби со 4:3. Ливерпул во тој натпревар имаше предност од 3:0, но Тотенхем успеа да израмни на 3:3, а потоа Жота стрелаше за победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот Клоп ги осуди некои одлуки на Тирни, па против него е отворена постапка.
„Коментарите дадени од менаџер до службеник за време на натпревар на интервјуата и понатпреварот претставуваат недолично однесување бидејќи укажуваат на пристраност или го оспоруваат интегритетот на еден судија, а со тоа го нарушуваат и угледот на натпреварот“, објаснија од ФА.