Дома Трансфер зона Клоп купува робусен напаѓач

Клоп купува робусен напаѓач

Ден после поразот од финалето во Лигата на шампиони, англиските медиуми откриваат дека Јирген Клоп ова лето ќе донесе нов напаѓач на „Енфилд“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол идеално засилување за нападот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фирмињо оваа сезона го загуби првотимискиот статус и сигурно ќе си оди на лето, а Клоп сака да донесе робусен напаѓач каков што му недостасува на тимот.

Џонатан Дејвид е токму таков профил, а после одличната сезона во Лил го привлече вниманието на многу европски гиганти.

22-годишниот Канаѓанец сака да ја промени средината, а Ливерпул е спремен да плати 50 милиони евра и да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…