Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Имаше 500 прекини, од нас направија месари

Клоп: Имаше 500 прекини, од нас направија месари

klop

Ливерпул вчера изгуби од ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите и во последното коло на „црвените“ ќе им биде потребна против Наполи за пласман во нокаут фазата.

Јирген Клоп после натпреварот секако не беше задоволен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не проблемот што изгубивме, не е пријатно, но уште многу тимови ќе изгубат во Париз, тие се одлична екипа. Проблемот е во критериумот во второто полувреме, направија од нас месари, а ние сме една од најкоректните екипи во Англија. Се валкаа по теренот и изнудија 500 прекини“.

„Воопшто немаше игра, но што да се прави. Ние имаме големо финале против Наполи и тоа ни е последната шанса“, изјави Германецот.

Ливерпул во нокаут фазата од Лигата на шампионите го води само победа против Наполи, во случај на реми ќе се радуваат Италијанците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видео со многу емоции: Ројс со навивачите на Борусија

Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието …