Дома Фудбал Англија Клоп: Знам зошто Салах играше лошо на почетокот на сезоната

Клоп: Знам зошто Салах играше лошо на почетокот на сезоната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во едно од своите последни интервјуа зборуваше за својата најголема ѕвезда Мохамед Салах.

Салах и оваа сезона игра на високо ниво, но на почетокот на сезоната не изгледаше дека ќе биде така. Напаѓачот на Црвените “тивко“ ја започна сезоната, но со текот на времето ја дигна формата и во последно време повторно игра фантастично.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Слабите игри на почетокот на сезоната не биле случајност, открива Клоп.

„Знаев кој е неговиот проблем. Салах имаше болки во рамото после повредата во финалето на ЛШ и затоа не можеше да биде на својот максимум. Кога работите во канцеларија и кога ве боли рамото, тоа не се чуствува на вашата продуктивност. Но, ако сте фудбалер, мора да бидете сто посто спремни да го дадете максимумот.“ – изјави Клоп и додаде:

„Салах и во таква ситуација беше подобар од повеќето други, но му требаше игра за да ја врати формата. Сега кога ја достигна формата, покажа дека со него никој не може да се спореди и јас сум среќен поради тоа.“

Мохамед Салах оваа сезона одигра 18 натпревари во ПЛ, постигна 11 погодоци и 6 асистенции. Вкупно во сите натпреварувања настапи на 25 натпревари и има скор од 14 погодоци и 6 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…