Дома Фудбал Англија Клоп за пораката да го купи Бејл: Тоа е чудна идеја…

Клоп за пораката да го купи Бејл: Тоа е чудна идеја…

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ја отфрли можноста клубот во овој преоден рок да го донесе играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Поранешниот фудбалер на Црвените, Пол Инс неодамна изјави дека Ливерпул треба да го ангажира Бејл, но со неговата идеја не се согласува Клоп.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тие фантастични играчи понекогаш имаат чудна идеја. Јас ги респектирам многу, но тој тоа веројатно го кажал откако го прашал новинар. Бејл е играч на Реал Мадрид и ако замине тоа веројатно скапо ќе го чини клубот кој ќе го донесе, а тука е и неговата плата.“

„Тој е фантастичен фудбалер, многу ми се допаѓа, но тука не станува збор за него. Морате да направите добар тим, а тоа не значи дека треба да ги донесете најдобрите играчи и тоа е тоа. Тие мора да работат тимски. Ливерпул кој го водам е проект кој трае долго. Тимот е добар. Не велам дека нема ништо да работиме во текот на преодниот рок, но луѓето треба да ги погледнат играчите кои веќе ги имаме. Некогаш едноставно мора да живеете нормален живот, да ги плаќате сметките и да живеете во својата куќа пред да купите нова.“ – изјави Клоп.

Да потсетиме, Бејл моментално најмногу се поврзува со трансфер во Кина, а наводно за него се заинтересирани уште и Манчестер Јунајтед, Тотенхем и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…