Дома Фудбал Англија Клоп за кризата на Салах: Не очекувам да биде истиот од минатата сезона!

Клоп за кризата на Салах: Не очекувам да биде истиот од минатата сезона!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на денешната пресконеферанција го бранеше својот најдобар играч, Мохамед Салах.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салах е во мала голгетерска криза бидејќи нема постигнато гол на последните три меча, но Клоп застана во негова одбрана.

„Нормално дека сите очекуваат од него да го прави истото од минатата сезона. Но, ние не очекуваме. Колку голови даде во првите шест натпревари минатата сезона? Три, а во првите шест оваа сезона постигна два. Каква е тоа криза? Него му требаше малку време минатата сезона како што му треба и оваа“, истакна Клоп.

Потсетуваме, Ливерпул до сега ги оствари сите пет победи во Премиер лигата, а победи и на стартот во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вистинско богатство: Еве колку Конор заработи за 69 секунди борба

Враќањето на Конор МекГрегор во октагонот по петгодишна пауза заврши на најлош можен начин…