Дома Фудбал Англија Клоп за исклучувањето на Мане: Судијата погреши!

Клоп за исклучувањето на Мане: Судијата погреши!

klop

Ливерпул денес беше декласиран на гостувањето кај Манчестер Сити со убедливи 5:0, а после натпреварот многу се зборува за исклучувањето на Саидо Мане, момент кој веројатно беше клучен на натпреварот.

Да потсетиме, Мане заработи исклучување во 37 после судирот со голманот Едерсон кој мораше да го напушти натпреварот против повреда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Игравме добро, создававме шанси, примивме гол од ситуација во која не смеевме, последната линија беше премногу назад, но сепак момент кој го одлучи натпреварот сигурно е исклучувањето на Мане. Сметам дека не заслужи исклучување, тој не го забележа голманот кој истрчуваше, се беше  случајност, тој само одеше по топката“, изјави Клоп.

Мане исклучувањето го заработи при резултат 1:0 за домаќините. Вреди да се истакна и дека, Гери Невил и Тиери Анри го делат мислењето на Клоп и сметаат дека фудбалерот бил престрого исклучен, додека легендата Ливерпул, Џејми Карагер смета дека главниот судија со исклучувањето ја донел вистинската одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…