Дома Фудбал Англија Клоп го отпиша Ливерпул и ги разочара фановите: Не сум луд да кажам дека ќе го стигнеме Сити

Клоп го отпиша Ливерпул и ги разочара фановите: Не сум луд да кажам дека ќе го стигнеме Сити

Разочарувачка недела за Ливерпул, а можеби и можеше да биде поинаку.

„Црвените“ најпрво во вторникот пропуптија предност од три гола на гостувањето кај Севиља во Лигата на шампионите, а вчера пропуштија да слават над Челзи, иако малку ги делеше од триумф.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега разликата во однос на Манчестер Сити е 11 бода, а Гвардиола има шанса да ја зголеми предноста на врвот ако слави на денешното гостување кај Хадешфилд.

„Ме прашувате како да го стигнеме Манчестер Сити. Потребно е да ги победуваме нашите натпревари, но ако тие продолжат да триумфираат во своите ништо не вреди. Во позиција каква што е нашата, веројанто би ме прогласиле за луд, ако кажам дека можеме да го стигнеме Сити“, истакна Германецот.

Она што исто така е јасно, дека и ЛШ следната сезона за Ливерпул може да биде недостапна, пред се ако не се промени нешто во дефанзивниот дел.

„Во животот е важно да поставите цели кои се достижни. За да ги реализирате морате да бидете среќни. Среќните луѓе се луѓе со самодоверба. И тогаш можат да остварат се што замислиле. Да ви кажам искрено, не сум специјално заинтересиран за резултатите на Манчестер Сити. По нашиот меч ниту секунда не мислев на тоа што ќе направат „Граѓаните“. Мојата идеја против Челзи беше да освоиме три бода, да ги престигнеме „Плавите“ и да го искористиме киксот на Тотенхем. Тогаш се повеќе би имало смисла. Иако, и вака нашата позиција на табелата е добра и може да се подобри“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…