Ливерпул е спремен за големата борба во Киев!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чекаа навивачите на Ливерпул стрпливо Јирген Клоп да го објави списокот од 24 играчи за финалето во Лигата на шампионите и конечно дочекаа.
Јирген Клоп објави листа од 24 играчи кои ќе конкурираат за стартните 11, но и резерви за претстојната борба за европската титула.
Веројатно најголемото изненадување е враќањето на Емре Чан кој поради повреда е надвор од терените уште од март, а сега ќе има прилика на Клоп да му покаже дека е спремен големиот предизвик.
Интересно е и што Чан е приклучен на тимот иако првиот оперативец на Јувентус, Бепе Марота објави дека Германецот пред Мундијалот ќе потпише договор со Јувентус.
Списокот на Клоп од 24 играчи:
Кариус, Мињоле, Клајн, Ван Дијк, Ванијалдум, Ловрен, Милнер, Фирмино, Салах, Хендерсон, Клаван, Морено, Мане, Лалана, Чан, Робертсон, Ингс, Соланке, Филипс, Џоунс, Ворд, Вудбурн, Камачо, Александар Арнолд.