Дома Трансфер зона Клоп го „краде“ италијанскиот талент пред носот на Милан и Интер

Клоп го „краде“ италијанскиот талент пред носот на Милан и Интер

Ливерпул е фаворит за потписот на Николо Барела, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска на Каљари важи за еден од најголемите таленти во Италија и за него силен интерес покажуваат миланските гиганти, но Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони евра.

Барела блеска во дресот на Каљари и неодамна дебитираше за италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Наинголан“.

Се очекува трите клуба да водат сериозна битка за неговиот потпис, но според извештаите Ливерпул во моментов е во пол-позиција. Барела веќе има запишано 73 настапи во Серија А на кои постигна 7 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…