Тимот на Ливерпул утре му гостува на Порто во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.
После тоа тимот ќе замине во Шпанија каде ќе остане цели четири дена. „Црвените“ немаат натпревар овој викенд бидејќи се елиминирани од ФА Купот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа Јирген Клоп одлучи играчите да поминат извесно време на топло. Па тимот ќе биде сместен во Коста дел Сол, блиску до Марбеља.
Ливерпул дене спристигна во Порто и вечерва ќе има тренинг на стадионот „Драгао“, а во Англија ќе се врати дури во недела.