Дома Фудбал Клоп: Во Атлетико некои не знаат што значи „Енфилд Роуд“

Клоп: Во Атлетико некои не знаат што значи „Енфилд Роуд“

Ливерпул утре ќе игра против Атлетико Мадрид во рамките од реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Атлетико во првиот натпревар го победи актуелниот шампион на Европа со минимален резултат од 1:0.

Клоп на денешната прес-конференција посочи дека верува во позитивен резултат за неговиот тим најмногу поради фантастичната атмосфера на „Енфилд“:

„Хендерсон се враќа, тоа е добра вест, но ќе го немаме Алисон. Атлетико е компактен тим и знаат како да се однесуваат на теренот во вакви ситуација. Сепак, некои играчи на Атлетико не знат што значи „Енфилд Роуд“. Се надевам дека фантастичната атмосфера ќе ни помогне да извлечеме позитивен резултат“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус чека двојно засилување од амбулантата за гостувањето во Фиренца

Мекени и Челик повторно работеа со соиграчите, но медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали…