Приоритет на Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефазивец и „црвените“ веќе направиле список со потенцијални засилувања.
Клоп има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди. Најпрво се повреди Ван Дајк кој ќе ја пропушти целата сезона, а потоа и Џо Гомез кој ќе паузира неколку месеци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубот мора да интервенира на трансфер пазарот и во јануари да донесе врвен дефанзивец, а на врвот на листата желби е Дајот Упамекано од Лајпциг.
Плановите на Ливерпул биле да го донесат Французинот следното лето, но поради проблемите ќе се обидат да го донесат уште во јануари.
22-годишниот дефанзивец во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 42 милиони евра, но таа ќе биде активна дури следното лето, па „црвените“ ќе мора да видат преговори со германскиот клуб.
Liverpool 'have RB Leipzig star Dayot Upamecano as their TOP defensive target' after injury nightmare https://t.co/xNqKafMMFn
— MailOnline Sport (@MailSport) November 13, 2020