Дома Видео Клинсман и Дел Пјеро со анализа за тоа како Германија загуби од Македонија

Клинсман и Дел Пјеро со анализа за тоа како Германија загуби од Македонија

Германската фудбалска репрезентација доживеа вистински шок после поразот од Македонија, кој е прв пораз во квалификации за СП во последните 20 години.

Поранешниот селектор на Германија, Клинсман, кој своевремено соработуваше и со Лев, не ја пропушти можноста да и честита на македонските фудбалери.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Првите два натпревари во квалификациите ги одиграа одлично, односот беше добар, креираа доста шанси за гол. Против Романија пропуштија чисти шанси и стана јасно дека имаат проблеми со реализацијата, а против Македонија доживеаја голем удар. Ова не е прифатливо, но се случува во фудбалот. Има многу работа за тимот, ги чекаат тешки подготовките за Европско првенство. Квалитетот не е доволен, мора да имате одлучност, да бидете агресивни, а тоа недостасуваше. Беа доста опуштени, пропуштаа шанси и мислеа дека ќе имат нова прилика за гол.“ – рече Клинсман и додаде:

„После тоа следи казна, а мора да и се оддадат сите комплименти на Македонија за тоа што го направија. Тие ги казнија и навистина заслужија да победат. Добро е што немаше фанови на стадионот, замислете какви ќе беа свирежите по поразот од Македонија. После ваков пораз, ве уверувам дека ниту еден играч на Германија утре нема да излезе од дома – изјави Клинсман во својата анализа за „ЕСПН“.“

На тоа му се надоврза Дел Пјеро кој исто така имаше комплименти за играта на Македонија.

„Јирген објасни се добро за тоа што се случи на мечот, Германците ја напуштија својата комфорна зона. Сепак, честитки за Македонците, тие го направија тоа, тие заслужија да победат, тие им се спротивставија на вистински начин. Секако дека ова е огромно разочарување за Германија.“ – рече Дел Пјеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …