Џастин Клајверт ќе ја напушти Рома до крајот на овој преоден рок и ќе замине во Бундеслигата, каде ќе го облече дресот на Лајпциг.
Лајпциг ќе пплати 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица на Холанѓанецот, со право за откуп следното лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клајверт пред три години пристигна на „Олимпико“, но во последните две сезони имаше мала минутажа,па самиот инсистираше да ја промени средината.
„Волчицата“ веднаш најде замена и во тимот ќе го врати Стефан ел Шарави.
Крилниот напаѓач игра во Шангај Шехуа, но сака да се врати во Серија А, па Рома ја искористи таквата ситуација.
Двата тима брзо се договориле за едногодушна позајмица, па Ел Шарави ќе се врати на „Олимпико“ каде играше од 2016 до 2019 година.
? #Roma, colpo a sorpresa: torna #ElShaarawy! Il Faraone arriva in prestito
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 4, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/b5b0RXXoMd