Дома Фудбал Лига на шампиони Клатенбург призна: Рамос во финалето во Милано даде гол од офсајд (ВИДЕО)

Клатенбург призна: Рамос во финалето во Милано даде гол од офсајд (ВИДЕО)

Во 2016 година Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите го победи Атлетико во Милано, претходно после продолженија „кралевите“ беа подобри од „јорганџиите“ и во Лисабон во 2014.

Натпреварот во Милано го отвори Серхио Рамос. Ситуацијата беше сомнителна, ВАР во тоа време не се користеше, а судиите проценија дека Рамос бил во регуларна позиција. Сепак, денес Марк Клатенбург кој беше главен судија во тој натпревар призна дека тој и неговите помошници погрешиле во таа ситуација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клатенбург и помошниците грешката ја забележале на полувремето.

„Во финалето во Милано, Рамос даде гол од офсајд. Тоа со моите помошници го видовме на полувремето. Ситуацијата беше навистина тешка да се процени, мојот помошнк погреши“, призна Клатенбург.

Реал тоа финале го доби на пенали откако резултатот по 90 минути и продолженијата беше 1:1. Голот за Атлетико го постигна Караско. Единствен играч во пенал серијата кој промаши беше Хуанфран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …