Дома Фудбал Останато Класниќ го доби судскиот спор и милионска отштета

Класниќ го доби судскиот спор и милионска отштета

Поранешниот хрватски фудбалер Иван Класниќ, ќе добие 4 милиони евра отштета откако го доби спорот кој се влечеше повеќе од 10 години.

Класниќ пред 13 години покрена тужба против долгогодишниот доктор на фудбалскиот клуб Вердер, Гец Димански. Хрватот водеше животна битка откако му откажаа бубрезите додека беше член на Вердер Бремен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Класниќ заминал на рутинска операција на слепото црево. Бидејќи во тој период бил професионален фудбалер, тој два пати бил прегледан од клупските лекари, кои не забележале дека фудбалерот има сериозен проблем со бубрезите.

Поради тоа тој мораше да стави крај на кариерата, а дури од трет пат успешно му беше изведена трансплантацијата на бубрегот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…