Дома Трансфер зона Класични предизборни ветувања? Може ли овој човек навистина да ги собере Ибра, Балотели, Џовинко и Туре?

Класични предизборни ветувања? Може ли овој човек навистина да ги собере Ибра, Балотели, Џовинко и Туре?

Од политичарите навикнавме да слушаме разни големи предизборни ветувања, а сега нешто слично се случува во Бразил во клубот Васко Де Гама кај што наскроо ќе има избори за нов претседател.

Во својата кампања кандидатот за претседател на Васко Де Гама, Луиз Роберто Левен даде ветувања во кои најавува дека во тимот може да доведе играчи како: Ибрахимовиќ, Балотели, Џовинко, Јаја Туре…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој тврди дека има блиска соработка со Мино Раиола, менаџерот кој ги застапува Ибрахимовиќ и Балотели.

„Преговараме, се обидуваме да направиме тим од соништата. Балотели и Ибрахимовиќ имаат ист менаџер. Ибрахимовиќ е повеќе предизвикувачки проект… Но, не морате да размислувате за тоа кои големи играчи ќе бидат ангажирани, туку за тоа дека големите играчи сигурно ќе дојдат. Ако не дојде еден, ќе дојде друг“.

Поранешниот играч за врска на Манчестер Сити во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со Ботофаго, но до тој трансфер не дојде. Левен потенцираше дека можеби токму тој или некој негов близок е виновникот што тој трансфер не се реализирал.

„Во фудбалот нема случајност. Ако Туре не отиде во Ботофаго тоа е затоа што некој го запре тој трансфер. Можеби тој некој сум јас или некој мој близок“, изјави Левен.

Во Бразил се верува и дека негова желба е Себастијан Џовинко, поранешниот играч на Јувентус и Парма кој во овој момент игра во Ал-Хилал, додека клубот се обидува да го врати и Тешеира (член на Џиангсу Сунинг). Се шпекулира и за Соуза, одличниот бразилски интернационалец кој некогаш ги бранеше боите на овој клуб.

„Ако имаме играчи на нивото на Балотели, Туре, Џовинко, Алекс Тешира и Соуза тогаш ние сме тим кој може да се надигрува со секого“, додаде Левен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…