Ник Кирјос одново застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кого вечерва го очекува судењето на кое треба да биде донесена конечнатао длука.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кирјос важеше за еден најголемите критичари на Ѓоковиќ, но во оваа ситуација цврсто стои зад Ѓоковиќ и го поддржува, за разлика на пример од Надал кој редовно го криткува откако започна оваа ситуација (тука).




„Се срамам како австралиски спортист кој добро знае што тој човек направи за нас и за спортот. Мислам дека начинот на кој се однесуваме кон него не е исправен, но медиумите тука тоа го сакаат, тие сакаат да ги делат луѓето“.




Сега одново се огласи.
„Кога првпат го поддржав Ѓоковиќ добив милион пораки во стилот: Како можеш!? На сите им одговорив дека го разбирам. Кога ќе ме прашаат како се чувствувам одговарам – засрамено! Само бараше разбирање, а цела Австралија се насочи кон него“.




Откри дека добил порака од Ѓоковиќ.
„Добив порака од него ми напиша: Ти благодарам што си покрај мене. Се обидуваше да ја сфатиш ситуацијата и имаш малку објективност пред да „испукаш куршум““.